На „топчиите“ им гори под нозе

Ги уловија сред преговори, директори на Арсенал го напуштија домот на Артета во 1 часот наутро (ФОТО)

Микел Артета е прв кандидат за наследник на Унаи Емери, делегација на Арсенал синоќа го посетила домот на Шпанецот во Манчестер и разговарале два ипол часа.

„Топчиите“ пред две ипол недели се разделија со Унаи Емери по серијата лоши резултати и на привремена основа првиот тим му го доверија на Фреди Љунберг. Сепак, Швеѓанецот не се снаоѓа најдобро во улогата тренер на Арсенал, има само една победа на пет меча, па самиот го повика раководството час поскоро да именува нов предводник.

Клубот од Северен Лондон се поврзува со неколку имиња, но се чини дека Микел Артета е прв кандидат. По синоќешниот пораз на Арсенал од Манчестер Сити, делегација на „топчиите“ го посети Шпанецот во Манчестер.

Извршниот директор Винаи Венкатешам беше уловен од медиумите како излегува од домот на Микел Артета во 1:20 часот утрово заедно со Хас Фахми, адвокат и главен преговарач. Се говори дека тие разговарале со стратегот околу два ипол часа.

Микел Артета има 149 натпревари во дресот на Арсенал во периодот од 2011 до 2016, веднаш потоа стави крај на кариерата и стана дел од тренерскиот персонал на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Неговото име се поврзуваше со „Топчиите“ и во 2018 кога Арсен Венгер го напушти Емирати.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе