Уште една кражба во Премиерлигата

Ги помина лекарските прегледи со Евертон, но ќе биде ново засилување на Тотнем

Медиумите од Англија пишуваат за пресврт во трансферот на Арно Данџума во Евертон, напаѓачот ќе заврши во Тотнем и покрај тоа што изминатиов викенд ги помина редовните лекарски прегледи со „карамелите".

Клубовите од Премиерлигата се најактивни на трансфер пазарот овој месец, имаат потрошено далеку повеќе отколку оние од Серија А, Ла Лига, Лига 1 и Бундеслигата заедно.

Желбата за засилување на тимовите е толку голема што се случи нов грабеж по оној на трансферот на Михајло Мудрик, кој наместо во Арсенал, заврши во Челси.

Се работи за Арно Данџума, кој од Виљареал требаше да се пресели на позајмица во Евертон, напаѓачот изминатиов викенд ги помина редовните лекарски прегледи.

Денеска била планирана промоцијата, но наместо официјална потврда, целата зделка пропаднала во 5 до 12 откако Тотнем замешал прсти.

„Спарси“ успеале да се договорат со Виљареал и да го убедат фудбалерот да заигра под водство на Антонио Конте, па Арно Данџума сега е на пат кон Лондон.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе