Што покажуваше ЦР7

Гестот на Роналдо кон клупата по елиминацијата од Ајакс кој не го забележаа ТВ камерите (ВИДЕО)

Аматерска снимка од трибините го улови Кристијано Роналдо како прави гест кон клупата по последниот свиреж на судијата на дуелот со Ајакс во Лигата на шампионите, им покажауваше дека не одиграле доволно храбро.

Три дена по елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо се уште се нема огласено, но на сите им е јасно дека големиот шампион тешко го поднесе поразот.

На социјалните мрежи попладнево е актуелно еден момент кој ТВ камерите не го уловија. По последниот свиреж на судијата, на патот кон соблекувалната, фан од трибините го сними нервозниот Кристијано Роналдо како прави гестови кон клупата за резерви и им објаснува нешто.

Фановите имаат различни теории каква била пораката на Португалецот, сметаат дека тој им покажувал на своите соиграчи дека биле премногу исплашени или дека не одиграле доволно храбро.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе