Смета дека не е реално првенството да продолжи во мај

Германски виролог им се чуди на клубовите: Не знам како мислат да играат фудбал пред 2021 година

Виролог од институтот Бернард Нохт во Хамбург се чуди на плановите на Германската фудбалска лига и клубовите за продолжување на сезоната, смета дека фудбал нема да може да се игра дури до 2021 година.

Коронавирусот го суспендираше фудбалот, ЕВРО 2020 е поместено за следната година, па тоа остава простор првенствата да се доиграат во јуни, јули или пак август, иако првичниот план е сите фудбалски натпреварувања во Европа да завршат до крајот на јуни.

За едно вакво сценарио, рестартот на сезоните треба да се случи на почетокот од мај, но многумина не веруваат дека епидемијата на коронавирус ќе биде ставена под контрола во брзо време.

Јонас Шмид Чаназит, виролог од институтот Бернард Нохт во Хамбург, не само што смета дека сезоната не може да продолжи во мај, вели дека фудбал нема да може да се игра дури до 2021 година.

„Не знам како мислат да ја завршат сезоната, според мене ова не е реално сценарија. Моја проценка е дека нема да може да се игра фудбал до слендата година. Дури и натпревар пред празни трибини се ризик, фудбалот ќе ги натера луѓето да се собираат и заедно да гледаат натпревари. Треба многу други работи да се вратат во нормала, за да можеме да мислиме на фудбал и продолжување на првенството“ – вели Јонас Шмид.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе