Бундеслига

Германската полиција покрена истрага против Белингем за навреди на судијата кој го судеше дербито со Баерн

Баерн Минхен ја победи Борусија Дортмунд со 3-2 на нејзин терен, а младата англиска ѕвезда Џуд Белингем може да добие казна од полиција поради навреди кон судијата Фелик Цвајер.

Баерн Минхен доби пенал по играње со рака од Матс Хумелс, а Белингем е уверен дека тоа не е најстрога казна.

По мечот тој го нарече судијата местач на натпревари, и поради тоа против Белингем ќе биде покрената полициска истрага.

„За најголемиот меч во Германија делегирате судија кој претходно местел натпревари, што очекувате?“, вели Белингем.

„Според мене тоа не беше пенал. Хумелс не ни гледаше кон топката, тој се бореше да ја освои и таа го удри“.

„Можете да разгледате и многу други одлуки на натпреварот“.

Покрај казна од полицијата, Белингем може да добие и суспензија од Германската фудбалска федерација.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе