ЕВРО 2020

Германија беше на работ на елиминација, но се спаси, Франција и Португалија одиграа без победник (ВИДЕО)

Малку фалеше Унгарија да направи сензација и да ја исфрли Германија од Европското првенство, двапати водеа, но не победија, мечот заврши 2-2, со ист резултат заврши и дербито меѓу Франција и Португалија. 

По блескавата партија против Португалија, Германија можеше да доживее шок во Минхен од Унгарија, но се спасија во самиот финиш.
 
Унгарија поведе со гол на Салаи уште во 11. минута. Овој резултат беше актуелен се до 66. минута кога Каи Хаверц изедначи на 1-1.
 
Но радоста на Германија траеше една минута, во следниот напад Унгарија со гол на Шафер го врати водството, поведе со 2-1.
 
Спасител на Германците беше Горецка кој даде гол за конечни 2-2.

Ист беше резултатот и на дербито меѓу Франција и Португалија, три од погодоците беа од пенал.
 
Во 31. минута Лорис го фаулираше Данило, судијата покажа на белата точка, а Роналдо погоди од пенал за водство од 1-0.
 
Во судиското продолжение следуваше скандалозна одлука, престрого досуден пенал за Франција врз Мбапе кој немаше проблем да го реализира Бензема за 1-1.
 
По две минути игра во вториот дел Бензема постигна уште еден гол за комплетен пресврт и водство на Франција од 2-1.
 
Во 60. минута поради игра со рака беше досуден нов пенал за Португалија, Роналдо погоди за конечни 2-2.
 
Франција го освои првото место во групата со пет бода, Германија е втора со четири, толку има и Португалија на третото место но со послаб меѓусебен дуел од Германците, Унгарија е последна со два бода.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе