Првенството е суспендирано

Германците сепак попуштија, нема фудбал овој викенд

По најавата дека овој викенд ќе се игра фудбал во Бундеслигата и Цвајта, Германската фудбалска лига попладнево ја преиначи одлуката и реши да биде суспендирани 26. коло.

Oвој викенд фудбал во Германија требаше да се игра пред празни трибини и потоа првенството да биде прекинато.

Сепак, ДФЛ се пишмани по новите бројки за заразени од коронавирусот, како и тоа што постојат сомнителни случави во клубови од Бундеслигата и Цвајта.

Па, Германската фудбалска лига попладнево излезе со ново соопштение и пренесе дека е одложи цело 26. коло. Се очекува во вторник да биде донесена одлука за одложување и на 27. коло, одосно суспензија на првенството до почетокот на април.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе