Манчестер јунајтед

Гери Невил верува дека Солшер треба да остане тренер на Манчестер јунајтед

Гери Невил важи за највлијателниот фудбалски критичар во Англија, но многумина му замеруваат за неговата поддршка за Оле Гунар Солшер која продолжува и покрај дебаклот од Ливерпул. 

Гери Невил и Оле Гунар Солшер заедно играа во Манчестер јунајтед, а тоа очигледно влијае за Гери да биде многу помек кон Оле отколку кон неговите претходници.
 
Манчестер јунајтед во последно време игра лошо и бележи катастрофални порази, особено во Премиерлигата. Во ЛШ по поразот од Јанг Бојс, дојде до две победи со пресврт во последните минути против Виљареал и Аталанта.
 
За разлика од Ван Гал и Мурињо, Солшер сега има многу подобар тим, доби поголеми засилувања, има широк состав, но резултатите и играта се очајни.
 
Сепак, Гери Невил смета дека би било погрешно да се смени Солшер.
 
„Во било кој друг клуб, Оле ќе беше во голема неволја вечерва. Во неодамнешната историја на Јунајтед, тој исто така ќе беше во неволја. Но поради тоа што се случи со Ван Гал и Мурињо, Јунајтед нема да му даде отказ“, вели Невил.
 
„Мурињо беше најдобриот тренер во светот и дојде во Јунајтед. Најдобриот тренер во светот! И не успеа тука. Конте е слободен, но јас не би го донел Конте во Манчетер јунајтед“.
 
„Мислам дека тој нема да се вклопи. Можеби грешам, можеби утре ќе го донесат тука и јас ќе застанам зад него, но не мислам дека ќе се вклопи. Видовме тренер со специфичен стил на игра како Луис ван Гал и не успеа тука“.
 
„Не велам дека не постои тренер кој би дошол и би бил добар за Јунајтед, се надевам дека еден ден кога Оле ќе замине ќе дојде таков тренер, но лично сега чувствувам дека би било погрешно да му се даде отказ на Солшер“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе