Примера

Герет Бејл го спаси Реал Мадрид од пораз на Ел Мадригал (ВИДЕО)

Герет Бејл беше главниот фудбалер на мечот меѓу Виљареал и Реал Мадрид, дуелот заврши 2-2, тој ги даде двата гола за кралскиот клуб, но доби и црвен картон.

Нов кикс на Реал Мадрид во Примера, одиграа 2-2 на гостувањето кај Виљареал и по три одиграни кола имаат пет освоени бода, четири помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
 
Херој на Реал Мадрид на Ел Мадригал или по ново Естадио де ла Керамика, беше Герет Бејл, фудбалерот кој не беше во добар однос со Зинедин Зидан.
 
Во 12. минута Виљареал поведе со гол на Морено, а Герет Бејл во судиското продолжение од првиот дел изедначи на 1-1.
 
На 15 минути до крајот домаќините дојдоа до ново водство овој пат преку Гомез, но Бејл во 86. минута со лукав гол израмни на 2-2.
 
Во судиското продолжение Бејл за две минути успеа да добие два жолти картони, автоматски црвен и го заврши мечот пред последниот судиски свиреж.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе