Фудбалерот објави видео од тренинг

Герет Бејл е импресивен на тренинзите, има ли Зидан нешто лично против Велшанецот? (ВИДЕО)

Герет Бејл напорно работи на тренинзите на Реал Мадрид, но Зинедин Зидан не му дава шанса на пријателските натпревари и изјави дека најдобро е играчот да замине што порано.

Реал Мадрид доби фудбалска лекција од Баерн Минхен кој победи со 3-1, а можеше и поубедливо.
 
Зинедин Зидан им даде шанса на многу фудбалери, но не и на Герет Бејл кој веројатно ќе го напушти Реал Мадрид во наредните денови.
 
А на тренинзите Бејл максимално се залага, тој постираше и видео со два негови гола на тренинг покажувајќи дека работи напорно, но тоа не е доволно за Зизу.
 
По натпреварот против Баерн Минхен, Зидан изјави дека нема ништо лично против Герет Бејл но подобро е фудбалерот да си замине што е можно порано.
 
Видеото кое го постираше Бејл на својот твитер профил:

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе