СЕХА фајнл-фор

Георгиевски: Ни треба време за да се воиграме, ќе бидеме подобри

Новото засилување на Вардар, Гоце Георгиевски смета дека како ќе одминува времето, така црвено-црните ќе играат се подобро. 

Вардар не блеска на почетокот од сезоната, на подготвителните мечеви двапати загуби од Пелистер, а едвај успеа да го помине Нексе за пласман на фајнл-фор турнирот во Задар.
 
„Реално ние сме еден нов тим, со многу нови ракометари меѓу кои сум и јас. Тешко е веднаш да бидеме вклопени. Има уште многу натпревари и целта е да играме што е можно покомапктно. Потребно е време, како што тоа ќе одминува мислам дека ќе играме се подобро“, вели Георгиевски.
 
„Имавме среќа со Нексе, и Бог не погледна, но мислам дека имаме шанса против Загреб. Овие два тима добро се знаат, секоја година играат еден против друг минимум 3-4 натпревари. И тие се релативно нова екипа, со нов тренер. Оекувам голема борба, неизвесен натпревар и се надевам дека Вардар ќе се пласира во финале“.
 
„Како нов ракометар тука задоволен сум од работата, условите се феноменални. Тоа што имаме лош старт, не значи дека ќе имаме и лоша сезона, ова е само почеток. Треба време за да се наместат коцките и да се вклопи тимот“.
 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе