Фудбалерот на Арсенал има голема уста

Гендузи до фудбалерите на Брајтон: Вие сте ср*ње, можете само да сонувате за парите кои ги заработуваме

Медиумите од „островото" откриваат дел од навредите кои Матео Гендузи ги испратил до фудбалерите на Брајтон, им велел дека се обично ср*ње и дека можат само да сонуваат за парите кои ги заработувал тој и неговите соиграчи од Арсенал.

Во саботата, Брајтон успеа да го изненади Арсенал и со гол во 95. минута да стигне до победа од 2-1. По крајот на дуелот настана голема мешаница, главни актери беа Матео Гендузи и Нил Мопе, стрелецот на голот вреден три бода.

Голгетерот на Брајтон потоа изјави дека некои фудбалери на Арсенал треба да научат што е тоа скромност, и си добиле тоа што залужиле.

Медиумите од „островот“ сега откриваат детали од случувањата на теренот и како Матео Гендузи ги навредувал играчите на Брајтон.

„Им велеше на играчите на Брајтон дека се обично ср*ње, и дека можат само да сонуваат за парите кои тој и неговите соиграчи од Арсенал ги заработуваат“ – вели извор од соблекувалната за Дејли Мејл.

„Вака се има однесувано и на други натпревари. Арсенал е пристоен клуб и мразат такво однесување“.

Матео Гендузи очигледно има голема уста и покрај тоа што нема ништо постигнато во својата кариера.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе