Елиф Елмас е во фокусот на италијанската јавност откако во неделата го реши дербити помеѓу Милан и Наполи и донесе три бода за својот тим со голот на Сан Сиро.
Во својата анализа, Газета дело Спорт вели дека Лучано Спалети од Македонецот полека го создава новиот Марек Хамшик.
„Елмас е момче кое заслужува да му се обрне посебно внимание, Македонецот ги одигра сите 24 натпревари до овој момент, 12 како стартер, 12 од клупата за резерви. Тој одлично се снаоѓа на сите позици во средниот ред, Сплаети полека го создава новиот Хамшик. Македонецот на секој натпревар остава свој траг и стана вториот најдобар стрелец во тимот зад Осимен. И головите му се распределени на следниов начин: два со глава, два со десна нога и два со лева нога. Ова е демонстрација колку добро се снаоѓа и како знае да искористи одредена ситуација“ – пишува розевиот весник од Милано.