МЕЈД ИН МАКЕДОНИЈА

Газдата на Миравци ги тепал своите фудбалери зашто не му ја додавале топката на – син му!

Кога човек ќе помисли дека македонскиот фудбал веќе го допре дното и дека не може полошо од ова, секогаш е тука некој од нашите фудбалски „газди“ за да нѐ демантира во тоа. Од гевгелискиот регион ни доаѓа помалку неверојатна вест дека Васе Штерјов, сопственикот на второлигашот Миравци, го удрил својот фудбалер Томче Мижоров, зашто овој не му ја додавал топката на неговиот син, Дарко Штерјов!?

Оваа неверојатна случка ја открива сега веќе поранешниот тренер на македонскиот второлигаш, Зоран Штерјовски, кој го водеше тимот на дуелот со Локомотива. Претходно, од клубот дојде информација дека му врачиле отказ на Штерјовски, поради нарушени односи на релација тренер – играчи.

Она што го тврди Васе Штерјов за односот со дел од играчите во клубот воопшто не е точно бидејќи јас како тренер на екипата со играчите сум во супер релација, но, тоа воопшто не е проблемот што го наведува сопственикот на Миравци. Јавно истакнувам дека без да ме смени јас ќе си заминев од клубот бидејќи на средбата со Локомотива на која не успеавме да победиме во текот на целиот меч вулгарно ги пцуеше играчите и на крајот од самиот натпревар дојде и го го удри Томче Мижоров . Причина - затоа што не проигрувал со неговиот син Дарко Штерјов. Со ова тотално ја наруши атмосферата во екипата и тоа е единствената причина за недоразбирањето и што јас си заминувам од клубот", вели за „Спортефе" Штерјовски.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе