МИЛАН ПРАВИ ВИСТИНСКИ „РЕМОНТ“

Газдата на Милан над другите, потрошил повеќе и од Абрамович (ФОТО)

Милан е вистински хит во летниот преоден рок, сопственикот Јонгхонг Ли не штеди за да направи комплетен ремонт тимот и да ги врати „росонерите“ на славните патеки.

Милан досега ги договори Леонардо Бонучи (42), Андре Силва (38), Андреа Конти (25), Хакан Чалханоглу (22), Матео Мусакио (18), Рикардо Родригез (18), Лукас Биљиа (17), Франк Кеси (28) како и Антонио Донарума (1.5) кој дојде во Милан како дел од договорот на клубот со неговиот брат Џанлуиџи Донарума во однос на потписот на нов, долгогодишен договор.
(во заграда се пишани сумите во евра, кои Милан ги потроши)
 
Графикон: Колку потрошиле новите сопственици во првиот преоден рок откако го купиле клубот:
 
 
Последните најави кои пристигнуваат од Италија, велат дека Милан тука нема да запре, па така следи трансфер бомба на тимот од Милано, кој планира да издвои богатство за уште едно засилување во нападот.
 
Истовремено, Милан нема да се штеди ниту на Ренато Санчез, кој е се поблиску до преселба во Милано.
 
Со потрошени 209.5 милиони евра ова лето на засилувања, Милан го надмина премиерлигашот Челси на листата на клубови кои потрошиле најмногу во еден трансфер преоден рок откако добиле нов сопственик.
 
Русинот Роман Абрамович издвои 167.5 милиони евра за сезоната 2003/04 кога го купи тимот од Лондон, неговиот сонародник, газдата на Монако, Дмитри Риболовов кој во 2013 потроши 160.7 милиони евра за засилувања на тимот.
 
Инаку, што се однесува до газдата на Милан, тој дојде откако контроверзниот Силвио Берлускони по 31 година минати во овој тим, одлучи да го продаде клубот за неверојатни 740 милиони евра.
 
Ли по преземањето на клубот истакна дека Милан е светски бренд и клуб со богата историја, притоа вети дека ќе го врати клубот онаму каде што му е местото – на врвот на светскиот фудбал.
 
Се чини дека последните засилувања и создавањето на „нов“ Милан, ги потврдуваат високите амбиции кои ги најави Ли.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе