„Каталонците“ добија предупредување пред еден месец

Газдата на Лидс откри дали Барселона префрлила пари за трансферот на Рафиња

Сопственикот на Лидс, Андреа Радрицани потврди дека Барселона го испочитувала договорот и префрлила пари за трансферот на Рафиња.

Барселона и покрај тоа што имаше финасиски проблеми, ова лето потроши преку 150 милиони евра на засилувања. Франк Кеси и Андреас Кристенсен пристигнаа како слободни играчи, a првата зделка беше Рафиња.

Лидс договори трансфер на Бразилецот во Челси, но Барселона потоа стапи на сцена и успеа да го украде офанзивниот фудбалер.

Сопственикот на „белите“, Андреа Радрицани неодамна изјави дека му било срам да му се јави на колегата од Челси, Тод Боли и да го извести дека мора да го повлече дадениот збор.

Тој исто така се закани со тужби доколку Барселона до 2. септември не ја исплати договорената сума.

Па откако помина рокот, еден навивач му пиша на Твитер и го праша дали „каталонците“ ги подмириле обврските, а Андреа Радрицани кратко одговори: „Се е во ред“.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе