Газдата на Јуве смета дека клубови како Аталанта не треба да играат во ЛШ, градоначалникот на Бергамо брзо му одговори

Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори му врати на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели кои смета дека клубови како Аталанта не треба да играат во Лигата на шампионите. 

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е еден од главните агитатори за формирање на Европска Супер лига. На бизнис фудбалскиот самит во Лондон за да им даде тежина на своите тези тој удри по Аталанта.
 
„Имам голема почит за се што прави Аталанта, но без интернационална историја и благодарение на само една одлична сезона да се пласирате директно во најважното европско натпреварување. Дали е тоа добро?“, изјави Ањели.
 
Градоначалникот на Бергамо не чекаше многу за да му одговори на Ањели.
 
„Го почитувам Андреа Ањели, но не се согласувам со него за ова. Споредено со елитата на богати и славни клубови, јас далеку повеќе го преферирам резултатот на теренот и давање на заслуги на тие кои се избориле за него, за место во Европа со пот и имагинација, па дури и тие да бидат претставници на некој провинциски град. Тоа се нарекува СПОРТ“, напиша градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори на својот твитер профил.
 
Според многумина во моментов Аталанта игра најубав фудбал во Серија А, офанзивниот пристап на Гасперини и хемијата која ја имаат во тимот им носи резултати многу подобри од екипи кои се значително побогати.
 
Минатата сезона тие завршија на третото место во Серија А и играа во финалето од Купот на Италија.
 
Не само што не се посрамотија во нивната деби сезона во Лигата на шампионите туку ја направија Италија горда на нив. Ја поминаа групата и го добија првиот осминафинален меч против Валенсија со 4-1 со што имаат голема шанса за пласман и меѓу најдобрите осум во Европа.
 
Во моментов се на четвртата позиција во Серија А со три бода пред Рома и еден натпревар помалку од нив.
 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе