Според турските медиуми

Газдата на Фенербахче го купува Вардар?

Според турскиот медиум „Фанатик“, сопственикот на Фенербахче, Али Коч го контактирал Вардар за да го купи и да го направи филијала на турскиот гигант. 

Фенербахче веќе подолго време бара втор клуб каде што ќе може да прати дел од своите фудбалери кои не можат да обезбедат место во првиот тим. Во Турција не може еден сопственик да има два клуба, па Али Коч сака тоа да биде Вардар.
 
Вардар е во финансиски проблеми, но Коч добро знае за какво име станува збор, токму црвено-црните го елиминираа Фенербахче во годината кога се пласираа во групната фаза од Лига Европа.
 
Коч доколку ја оствари намерата и го купи Вардар, македонскиот клуб ќе може да го користи така како што замислил дури откако ќе го врати во Првата лига, бидејќи според правилата на ФФМ во Втората лига не смеат да настапуваат странски фудбалери.
 
Во изминатите денови се споменува и името на бизнисменот Слободан Крстевски кој беше спонзор на Беласица. Наводно тој требаше да го земе Вардар и да инвестира во него. Но интересот од Фенербахче може да ги промени работите.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе