Очигледно не се разбира многу од фудбал

Газдата на Челси изненади со последната изјава: Салах и Де Брајне доаѓаат од нашата академија

Сопственикот на Челси, Тод Боли уште еднаш покажа дека очигледно не се разбира многу од фудбал, вели дека Мохамед Салах и Кевин де Брајне се продукт на академијата на „сините".

Тод Боли и неговиот конзорциум го купија Челси од Роман Абрамович, па сега се кројат планови за инвестиција во нов клуб (Португалија или Белгија) кој ќе биде користен како расадник за таленти и отскочна даска до првиот тим на „сините“.

Па говорејќи на оваа тема, Тод Боли сакаше да се пофали со академијата на Челси, но новиот газда само уште еднаш покажа дека не се разбира многу од фудбалот.

„Еден од предизвиците кои ги има Челси во овој момент е тоа што младите ѕвезди со 18, 19 или 20 години ги позајмувате на други клубови и нивниот развој го ставате во туѓи раце. Па мислам дека целта е да се погрижиме тие да имаат подобар пат до првиот тим на Челси, и мислам дека тоа можеме да го направиме преку поседување на друг клуб во силно првенство во Европа“ – вели Тод Боли.

„Имаме една од најдобрите академии во светот, од таму излегоа Мо Салах и Кевин Де Брајне, во последно време извадивме играчи како Тами Абрахам, Рис Џејмс, Мејсон Маунт и Тревор Чалоба“.

„Во моментов имаме 10 или 11 играчи кои се на позајмица и под наша контрола, или пак имаме опција да ги купиме и вратиме во нашите редови“.

Точно е дека акдемијата на Челси е прилично квалитетна и во последните неколку години извади доста добри играчи, но Мохамед Салах и Кевин де Брајне не потекнуваат од неа.

Мо Салах пристигна на Стемфорд Бриџ на 21 година, за неговите услуги на Базел му беа платени 12 милиони фунти во јануари 2014.

Кевин де Брајне пак пристигна како 20 годишно момче од Генк во јануари 2012 во трансфер вреден околу 7 милиони фунти.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе