Вечерва Јувентус и Наполи ќе ги одмерат силите во Суперкупот на Италија, а покрај случувањата на теренот, интересен ќе биде и дуелот покрај аут линијата каде ќе стојат Андреа Пирло и Џенаро Гатузо, кои десет години беа соиграчи во Милан.
„Имаме играно заедно во репрезентацијата на Италија до 15, 16 и 18 години. Го освоивме Европското првенство за играчи до 21 година, триумфиравме на Светското првенство, освоивме се што може да се освои. Тој беше важен за мојата кариера, но и јас му помогнав многу“ – вели Џенаро Гатузо.
„Добри пријатели сме, имавме прекрасни моменти на терените но и надвор од нив. Ова е само фудбалски натпревар, нека победи подобриот, и без разлика што ќе се случи, ќе останеме добри пријатели по последниот свиреж на судијата“.
Во својата автобиографија, Андреа Пирло откри дека често знаел да се мајтапи со Џенаро Гатузо и покрај тоа што секогаш јадел ќотек.
„Има добиено повеќе заушки од мене, отколку од својот татко! Ние сме како Бад Спенсер и Тeренс Хил“.
Запрашан дали може да го изненади својот добар пријател и да го совлада, Гатузо вели: „Имам одредени идеи. Но ќе погрешиме доколку мислиме дека Јувентус е во криза. Тешко дека ќе изгубат два меча во низа. И покрај тоа што се без неколку важни играчи, имаат неверојатен состав. Мораме да прикажеме одлична партија, да бидеме концентрирани и пофокусирани од вообичаеното“.