Тренерот на Наполи утрово на тренинг ги добил трагичните вести

Гатузо скршен од тага, почина неговата 37 годишна сестра

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо добил лоши вести за време на денешниот тренинг, починала неговата 37 годишна сестра која со месеци лежела на интензивна нега.

Голема болка и тага за Џенаро Гатузо, утрово починала неговата сестра. Како што пренесуваат медиумите од Италија, 37 годишната Франческа била хоспитализирана во февруари и била итно оперирана.

Со месеци лежела на интензивна нега во болница и за жал не успеала да се опорави. Тренерот на Наполи трагичната вест ја дознал додека го водел тренингот на Наполи во Кастел Волтурно.

Од таборот на Наполи веднаш му изразија сочувство, а истото го стори и Милан, каде популарниот Рино е легенда.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе