Тренерот на Наполи е лут на одлуката на здравствените власти

Гатузо: Сакавме да патуваме во Торино, можевме да го победиме Јувентус

Џенаро Гатузо вели дека е лут поради забраната да не патуваат во Торино, вели дека Наполи можел да се надигрува со Јувентус а ако веќе изгубат, подобро тоа да биде на терен отколку на зелена маса.

Наполи пред две недели требаше да ги одмери силите со Јувентус, но гостите не отпатуваа во Торино, добиле забрана од локалните здравствени власти поради позитивните тестови на Пјотр Зелински и Елиф Елмас.

Дисциплинската комисија при Серија А сепак не го прифати образложението, одлучи дека „наполитанците“ се откажале од играње многу порано, па Јувентус доби службена победа од 3-0 а Наполи беше казнет со одземање еден бод.

По денешниот триумф над Аталанта од 4-1, Џенаро Гатузо вели дека бил лут што не им било дозволено да патуваат во Торино, смета дека можеле да се надигруваат со Јувентус и ако веќе изгубат, подобро е на терен отколку на зелена маса.

„Никој не е полут од мене, Јувентус е тимот што треба да се победи, но во моментов тие се уште ги склопуваат коцките и можевме да се надигуравме, да победиме, бидејќи сме во добра форма и денеска го покажавме тоа. Лут сум што не ни дозволија да појдеме. Во пет до 7 бевме во автобусот, подготвени да тргнеме. Можам да ве осигурам дека сторивме се што можеме, тие што велат дека не сме сакале да патуваме, не ја кажуваат вистината. Барав да одиме, најлошо што може да ни се случи е да изгубиме 3-0, но барам ќе изгубиме на терен а не на зелена маса“ – вели Џенаро Гатузо.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе