Меси пристигна во градот каде се прослави Марадона

Гатузо: Работите што ги прави Меси ги гледате само на Плејстејшн, но Марадона е фудбалски бог

Џенаро Гатузо нема разработенo специјален план за Лео Меси, вели дека Аргентинецот прави работи кои другите не можат да ги замислат и ги има само на Плејстејшн но додава дека Диего Марадона е фудбалски бог.

Лео Меси и Барселона гостуваат во Неапол, градот во кој се прослави Диего Марадона, па неизбежни беа прашањата на оваа тема на денешната пресконференција на Наполи.

„Искрено мислам дека не можете да го сопрете Лео Меси. Читам дека треба еден играч цело време да го маркира, но да не се залажуваме, нема логика во ова. Барса не е само Меси, Барса е голем тим. Како што кажа Лоренцо Инсиње (кој беше на пресот заедно со Џенаро Гатузо), тој не само што е голем играч, тој е еден од најдобрите долги години наназад. И не само поради тоа како игра, туку и како се однесува во текот на целата кариерата. Пример е кој децата треба да го следат, никогаш не кажал лош збор...“ – вели тренерот на Наполи.

„Што се однесува до партиите кои ги прикажува, работите кои ги прави Меси не можете да ги замислите, ги гледате само на Плејстејшн“.

„Но не можам да правам споредби со Диего, Марадона е фудбалски богд. Никогаш не сум го гледал во живо, сум гледал само видеа, но знам дека беше голем шампион, знам дека беше еден од најдобрите во светот. Гледам дека Меси прави дел од работите што го има правено Марадона, па жалам што не сум имал прилика во живо да го гледам Диего“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе