По поразот од Милан, медиумите пишуваа за тензија во соблекувалната и расправија помеѓу Џенаро Гатузо и фудбалерите. Од таборот на Наполи го демантираа ова, но медиумите продолжија да пишуваат дека атмосферата во клубот не е добра, кај одреди фудбалери има загриженост бидејќи се уште не е поделена плата за сезоната 2020/21.
„Во мојот тим, фудбалерите треба да мислат само на работа. Имаме потпишано важни договори со огромни суми и сме заштитени. Во моментов не треба да мислиме на ова, оние кои бараат алиби не можат да останат со мене. Најлесно е платата да ја понудиме како оправдување. Работам 300 на час и сакам луѓето околку мене да имаат иста пасија“ – вели Џенаро Гатузо.
„Играме добар, потребна ни е само малку пакост во играта. Доколку некои луѓе мислеа дека ќе освоиме 130 бодови и никогаш нема да загубиме, добро се излажале. Знам дека можеме подобро, но ми се допаѓа како ја започнавме сезоната“.
За наводната расправија во соблекувалната по поразот од Милан, тој додава: „Нема вистина во написите. Разговарав со тимот, никогаш не сум се расправал со нив. Гледам посветеност, чувство на припадност, но тоа не е доволно, барам повеќе“.
„Пресудно е како ги читаме натпреварите. Не можете да играте добро 90 минути, има моменти кога морате да ставите кацига на главата и да одиграте малку поразлично да го одбраните тоа што е ваше“.