Наполи

Гатузо: Кулушевски сам падна, си имаме проблем со овој судија

Џенаро Гатузо вели дека пеналот кој го изнуди и реализираше Дејан Кулушевски за победа на Парма над Наполи не требал да биде свирнат и додава дека ова не е прв пат судијата Антонио Џуа да ги оштети.

Наполи синоќа со пораз си замина од Енио Тардини. Избраниците на Џенаро Гатузо силно притиснаа во второто полувреме, Парма се бранеше со сите сили, а откако одолеа на нападите, Дејан Кулушевски во финишот од мечот падна во шеснаесетникот по минимален контакт со Калиду Кулибали и изнуди пенал. Македонецот ја реализираше најстрогата казна и донесе триумф од 2-1.

„Според мене, вториот пенал за Парма не требаше да биде свирнат. Сите видовте што се случи... но судијата може да погреши, и не е прв пат да имаме проблеми со овој судија. Истото го стори и кога игравме против Лече“ – вели Џенаро Гатузо.

„Кулушевски падна без никој да го допре, тој веќе беше на земја кога настана контактот. Падна, па дури тогаш Кулибали го допре“.

„Мислам дека Парма во вториот дел не шутна ниту еднаш кон нашиот гол. Во последно време често играме вака. Ние се мачиме со завршниот пас и да реализираме добри шанси, а противникот првиот пат кога ќе помине половина терен дава гол“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе