Тренерот на Аталанта верува дека црвениот картон го уништил мечот со Реал

Гасперини лут на судијата: Ако не може да разликува дуел од прекршок, нека си најде нова работа!

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини беше лут на судијата и црвениот картон покажан на Фројлер, вели дека овој инцидент го уништил натпреварот.

Аталанта вечерва загуби со 0-1 во дуелот со Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите. Домаќините играа со играч помалку речиси цел меч откако Фројлер доби црвен картон во 17. минута.

Судијата сметаше дека фудбалерот на Аталанта спречува гол шанса, па се реши а најстрога казна, но речиси сите веруваат дека одлуката е престрога и требал да биде покажан жолт картон.

„Ќе беше поинаков натпревар со 11 против 11. Мечот беше уништен со црвениот картон. Ако сакаме да нема контакт во фудбалот, тоа би било самоубиство за овој спорт“ - вели тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини.

„Пред некој ден добив казна од Серија А поради одредени коментари, па ако сега кажам се што мислам, УЕФА ќе ме суспендира два месеци“.

„Но не може судија да биде некој кој не играл фудбал, некој што не може да направи разлика помеѓу дуел и прекршок. Доколку не може да направи разлика, подобро нека си побара друга работа. Треба судии да бидат луѓе што играле фудбал“.

„Во денешно време имаме и видео технологија, можат да погледнат на повторена снимка, но и понатаму се прават грешки“.

„Долго време чекате нетрпеливо за ваков натпревар и судијата уништи се. Можевме да изгубиме и со 11 играчи на теренот, но барем ќе одигравме поинаку“.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе