ПСЖ

Галтие е нов тренер на ПСЖ

ПСЖ денеска му врачи отказ на Маурисио Покетино и неколку часа подоцна го назначи Кристоф Галтие за нов тренер на првиот тим. 

Ваквиот развој на настаните беше очекувано, само беше прашање на време кога ќе се случи. Од денеска почнува ерата на ПСЖ под водство на Галтие.
 
„ПСЖ со задоволство може да соопшти дека Кристоф Галтие е назначен за тренер на првиот тим. Французинот потпиша двегодишен договор до 30 јуни 2024 година“, стои во соопштението на клубот.
 
Галтие изрази задоволство што доби можност да биде тренер на ПСЖ.
 
„Среќен сум што дојдов во ПСЖ, би сакал да им се заблагодарам на претседателот Насер Ал Келаифи, Луис Кампос и на сите клубот кои имаа доверба во мене. Во потполност сум свесен за одговорноста да се биде тренер на овој исклучителен тим, кој е еден од најконкурентните и најспектакуларни состави во Европа. Среќен сум што ќе работам со овие талентирани фудбалери. Мојот фокус е на амбицијата, напорната работа и вадењето на најдоброто од потенцијалот на тимот“ вели Галтие.
 
Тој е искусен француски тренер, а неговиот најголем успех во кариерата е шампионската титула со Лил освоена во 2020/2021 кога завршија токму пред ПСЖ.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе