Премиерлигата е финансиски супериорна во однос на Серија А

Галијани предлага Суперлига но без Англичаните: Погледнете само колку пари потроши Нотингем Форест

Адриано Галијани вели дека треба да се формира Суперлига, но без Англичаните и додава дека Премиерлигата е финасиски суспериорна во однос на клубовите од Серија А.

Поранешниот прв оперативец на Милан, кој сега ја извршува истата функција во Монца, даде свое видување за проектот Суперлига, кој гигантите од Европа го започнаа, но по само неколку дена го напуштија (останаа само Реал, Барселона и Милан). 

Адриано Галијани смета дека треба да има Суперлига, но без Англичаните. 

„Суперлигата може да биде решение, но без Англичаните. Треба да има „Брегзит“ и во фудбалот“ - вели Адриано Галијани. 

„Клубовите од Премиерлигата заработуваат четири пати повќе од клубовите од Серија А. Монца добива 33 милиони евра од ТВ правата, и од оваа сума мораме 3 милиони евра да одвоиме за Серија Б. Клубовите кои ќе обезбедат промоција во Премиерлигата, добиваат 160 милиони евра! Како може Монца да му конкурира на Нотингем Форест? Погледнете само колку пари потрошија тие!“ 

Нотингем Форес ова лето потроши околу 100 милиони евра и донесе 12 нови имиња, а се најавува дека до крајот на летото клубот ќе се обиде да ангажира уште некое засилување.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе