Ковид-19 ќе го промени фудбалот

Галијани: Клубовите може да банкротираат поради коронавирусот

Поранешниот потпретседател на Милан, Адриано Галијани вели дека европските гиганти се соочуваат со голема криза од која може да имаат сериозни последици. 

Сегашниот извршен директор на Монца, Адриано Галијани вели дека ситуацијата во фудбалот е аларманта.
 
„Сметките на клубовите експлодираат поради нивните долгови и загубата на ТВ Правата. Ситуацијата станува драматична“, вели Галијани.
 
„Не само што недостасува некоја рата од ТВ правата, тука се и заработките од стадионите. И УЕФА се уште не ги дистрибуирала тие 400 милиони евра од европските купови. Големите клубови во Европа ризикуваат банкрот, намалувањето на платите нема да биде доволно“.
 
„Помислете дека само официјалната продавница на Барселона собира 50 милиони евра годишно, а сега Камп Ноу е затворен. Тој е вториот најпосетуван стадион во Шпанија“.
 
„Штетата е огромна. УЕФА загуби тешки пари со одложувањето на Европското првенство“.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе