Голманот реагираше на провокацијата на дефанзивецот на Шкендија

Гачевски до Муслиу: Срам да ти е, заборави дека Вардар те направи репрезентативец!

Шкендија вчера го победи Вардар на арената „Филип Втори“ и дојде само на еден чекор до титулата во македонската Прва лига. Ден по мечот во центарот на вниманието е Висар Муслиу. 

Шкендија со 3-2 го победи најголемиот ривал Вардар, во следното коло треба да не загубат од Шкупи и да ја заверат титулата.
 
Висар Муслиу настапуваше во Вардар во европските квалификации и групата од Лига Европа, по што премина во Шкендија. Избори место и во репрезентацијата на Македонија како играч на вардарци. Вчера му даде гол на Вардар, а по триумфот заедно со другите негови соиграчи во соблекувалната скандираше „Ајде Вардар, пуши ми го к**от“.
 
Голманот на Вардар, Филип Гачевски, имаше што да му каже на Муслиу по ваквото негово непочитување на својот поранешен клуб.
 
„Висар Муслиу, те гледам на Инстаграм ставаш видео Вардар Вардар пуши ми го к... Не ти е срам, ти си еден голем срам, човек без душа, ти заборави дека Вардар те направи репрезентативец, ти кога дојде во Вардар не си постоел на мапа, срам голем за тебе е што браниш бои за репрезентација... ГОСПОД е голем и Вардар е институција - запамти Вардар е Македонија“, напиша Гачевски на својот фејсбук-профил.
 
 
Фото: ФК Шкендија

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе