Голманот на Вардар се отвори

Гачевски до Ангеловски: Селекторе покажете малку машкост и јавете ми се лично да ми кажете зошто не сум во репрезентацијата

Голманот на Вардар, Филип Гачевски преку социјалните мрежи распука по селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски.

Филип Гачевски преку својот фејсбук профил се отвори, си ги кажа маките, не штедеше зборови кон селекторот Игор Ангеловски за кој смета дека неоправдано го изостава од селекцијата.

„Сон на секој фудбалер е да игра за репрезентативниот дрес. Јас бев во репрезентација и верувам во оваа генерација, сигурен сум дека ќе успеат. Но, за жал имаме селектор кој се величи и изигрува дека е најдобар селектор, а луѓето знаат каков човек е. Да, имаме добри резултати, ама сигурен сум дека не е поради него, туку затоа што имаме топ генерација. Јас се одлучив да го пишам овој статус затоа што година и пол трпам затоа што не можам да влезам во репрезентацијата. Затоа денеска ќе кажам се што ме  мачи. Знам дека направив грешка... Игор Ангеловски, дали Вие знаете дека во таа местенка што ми ја спремивте не бев сам??? Тие и ден денеска играат за репрезентација, а јас не сум ни блиску до репрезентацијата. Селекторе, ако веќе се правите селектор, барем имајте малку машкост и јавете ми се лично и кажете дека не сакате да сум во репрезентација, а не да дознавам преку другите. Јавно ме навредувавте во репрезентацијата, пред сите!!! Добро, важно Ви е да ставате слики на Фејсбук и Инстаграм, барем таму сте главни. Голема срамота е то правиш шеми во репрезентацијата, но Господ е голем. Сите репрезентации во светот имаат 22 или 23 фудбалери, само Вие сте специјалист за 18 фудбалери. Ама за жал, тука се е можно... Голем специјалист си за играчи што не играат за клубовите или не се ниту меѓу 18, а ти ги земаш. Па нормално, Вашите лични интереси се во игра!!! За себе можам да кажам дека секогаш играв со срце, така и ќе остане. Преку 90 натпревари за најголемиот клуб во Македонија, историски пласман во Лига Европа, ама повикот никако да се добие!!! Го паметам натпреварот со Фенербахче, и Вие бевте таму Игор Ангеловски, сакавте да честитате, ама најсмешно беше што обезбедувањето не Ви дозволуваше. Најтрагично е што глумевте дека го сакате Вардар, а сите знаеме дека не е така. Игор Ангеловски, жал ми е што треба толку често да го споменувам тоа презиме, ама да знаете дека сте смешни и баш ме интересира што ќе правите кога веќе нема да бидете селектор... Кога сите Ваши дела ќе излезат на површина... Не се предавам и нема да дозволам да се откажам од репрезентацијата, нема да Ви успее!!! За жал другите се откажаа, туку Ви успеа, но со мена нема да ти успее! И на крај едно прашање: По кој критериум повикуваш голмани кои не бранат во своите клубови или не се на клупа за резерви???Сепак, ова е репрезентација на една држава, а не Ваш приватен клуб?“, напиша Гачевски на својот фејсбук профил.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе