Победа вредна 170 милиони фунти

Фулам по четири години се враќа во Премиерлигата! (ВИДЕО)

Фулам им се придружи на Вулверхемтон и Кардиф во елитата, тимот од Кревин Котиџ со 0-1 ја доби пресметката во Астон Вила на Вембли

Фулам е последниот патник од Чемпионшип во Премиерлигата, избраниците на Јокановиќ попладнево триумфираа на Вембли во финалето од плеј-офот против Астон Вила.

Голот на Крејни во првиот дел се покажа како одлучувачки. По една одлична акција, Англичанецот рутински пласираше по земја за 0-1 во 23. минута.

Астон Вила во вториот дел силно притисна за изедначување, во завршните дваесетина минути имаше и играч повеќе откако Одои заработи втор жолт картон и исклучување, но избраниците на Стив Брус не можеа да го најдат патот до мрежата на Бетинели.

Покрај тоа што по пауза од четири години тимот од Кревин Котиџ се враќа помеѓу елитата, ќе добие и убава парична награда. Се проценува дека Фулам ќе инкасира најмалку 170 милиони фунти во следните три сезони.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе