Премиерлига

Фулам го изненади Лестер, Лукман му го посвети голот на Папа Буба Диоп (ВИДЕО)

Фулам дојде до големи три бода во битката за опстанок откако со 2-1 победи на гостувањето кај Лестер, Луман својот гол го посвети на починатиот Папа Буба Диоп кој дел од кариерата помина токму на Кревин Котиџ. 

Лестер влезе како голем фаворит против Фулам, но гостите од Лондон си одат со трите бода.
 
Резултатот беше отворен во 30. минута со гол на Лукман, тој погодокот му го посвети на Папа Буба Диоп, поранешниот сенегалски фудбалер на Фулам кој почина на 42 години. Лукман зема негов дрес од Сенегал и го крена во воздухот.
 
Осум минути подоцна Кавалеиро реализираше од пенал и зголеми на 2-0, тогаш Лестер сфати дека негативата од два гола е веќе сериозна.
 
Но, тешко играа момците на Брендан Роџерс, дури во 86. минута Барнс го намали резултатот на 2-1. Во последните мигови Лестер со сите сили се трудеше да избегне пораз, но не успеа да постигне втор гол.
 
Лестер остана на четвртата позиција, а Фулам се искачи за една позиција над опасната зона

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе