Премиерлига

Фулам го доби големиот меч против Брентфорд и експресно се врати во Премиерлигата (ВИДЕО)

Фулам е последниот патник во Премиерлигата, тие со 2-0 го победија Брентфорд во финалето од Чемпионшип плејофот, меч кој траеше 120 минути. 

По Лидс и Вест Бромвич, Фулам е третиот тим кој избори влез во Премиерлигата за следната сезона.

Вечерва на Вембли тие со 2-1 го добија финалето од Чемпионшип плејофот против Брентфорд.

Во регуларните 90 минути немаше голови, мрежата конечно беше затресена во 105. минута кога Брајан од слободен удар многу интелигентно погоди за водство на Фулам од 1-0.

Сите дилеми на мечот ги реши токму Брајан со својот втор гол, овој пат по едно одлично еден-два проигрување со Александар Митровиќ.

Брентфорд до крајот успеа само да намали во судиското продолжение на 2-1 преку Далсгард.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе