Квалификации за СП 2022

Фудбалската репрезентација на Србија ќе има корист од ковид мерките на Велика Британија

Премиерлигашките клубови најавуваат дека нема да ги пуштат своите фудбалери да играат за репрезентнациите ако нивните земји се наоѓаат на црвената ковид листа на Велика Британија. 

ФИФА им дозволи на клубовите во услови на пандемија на ковид-19 тие да одлучуваат дали ќе ги пуштат фудбалерите да играат за репрезентациите или не.
 
Ваквата дозвола ќе ја искористат Манчестер јунајтед и Ливерпул, а веројатно и останатите клубови од Премиерлигата.
 
Проблемот се правилата во Англија за земјите од црвената листа, кој ќе пристигне од тие земји ќе мора прво да замина 10 дена во карантин, а тоа значи дека фудбалерите при евентуален настап за репрезентациите би пропуштиле натпревари од Премиерлигата.
 
Од европските земји единствена на таа листа е Португалија, огромен дел од составот на Португалците го сочинуваат играчи од Премиерлигата.
 
„Мислам дека сите ќе се сложат дека ние не можеме да ги пуштиме фудбалерите да играат за своите земји и да се вратат во карантин 10 дена во хотел, не можеме тоа да го направиме“, вели Клоп.
 
„ФИФА кажа јасно дека ние не мора да ги пуштиме фудбалерите овој пат, и мислам дека сите клубови кои го имаат истиот проболем ќе се сложат дека не можеме туку така да ги пуштиме момците да одат“.
 
„Невозможно е да чекаме десет дена фудбалерите да бидат во карантин во хотел и ние да не сметаме на нив“.
 
Ист е ставот и на тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер.
 
„Не сме седнале да донесеме конечна одлука за тоа, но нема смисла да загубиме фудбалер поради десетневна изолација“, вели Солшер.
 
„Ние сме оние кои ги плаќаме фудбалерите и од тоа што го знам имаме дозвола од ФИФА да ги задржиме. Па тешко дека ќе ги пуштиме играчите кои се на црвените листи“.
 
„Се разбира дека сакам Бруно да игра, секој натпревар ни и важен“.
 
Португалија на 24. март го пречекува Азербејџан, три дена подоцна гостува кај Србија, па на 30. март игра кај Луксембург.
 
Доколу Премиерлигашите останат на ставот да не ги пуштат своите фудбалери кои се клучни и во нивните тимови, тогаш Србија ќе се соочи со значително ослабена Португалија.
 
Португалски репрезентативци кои играат во Премиерлигата се: Руи Патрисио, Нелсон Семедо, Рубен Диаш, Жоао Кансело, Жоао Мутињо, Бернардо Силва, Бруно Фернандеш, Рубен Невес, Педро Нето и Диого Жота.
 
Црвената листа на земји од кои луѓето мора да одат во карантин кога ќе влезат во Велика Британија, можете да ја погледнете ТУКА. 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе