Фудбалската магија станува реалност, оригиналниот трофеј на ФИФА Светскиот куп доаѓа во Скопје!

За првпат во македонската фудбалска историја, нашата земја ќе биде дел од петтата турнеја на трофејот од ФИФА Светскиот куп организирана од Кока-кола, официјалниот спонзор на настанот.

Фудбалски фанови во земјата, време е за еуфорија!  

Оригиналниот и единствен златен трофејот од ФИФА Светскиот куп конечно пристигнува во нашата земја. Сите вљубеници во фудбалот, кои сонуваат да го видат трофејот кај нас, ќе имаат единствена можност да видат како нивниот сон станува реалност на 21 мај во Пивара Скопје. Оригиналниот трофеј изработен од чисто злато, доделен на победникот на Светското првенство во фудбал на ФИФА ФИФА Светскиот куп) во рамките на официјалната церемонија, ќе пристигне во Скопје како дел од светската турнеја на трофејот од ФИФА Светскиот куп. 
 
Трофејот, заедно со амбасадорот на ФИФА, Жилберто Силва, пристигнуваат во совршен момент – токму навреме за големата возбуда пред почетокот на Светското првенство на ФИФА во Катар и е оригиналниот трофеј што ќе му биде доделен на наредниот победник на Светското првенство на ФИФА. Македонските обожаватели ќе бидат сведоци на фудбалската магија во живо и ќе имаат ексклузивна можност да ја искусат еуфоријата на Светското првенство на ФИФА (ФИФА Светскиот куп) во Катар. 
 
„Ова е, несомнено, настанот на годината, каде што сите фудбалски фанови стануваат едно и ја доживуваат магијата на фудбалот во живо! Почнувајќи од Дубаи, преку Скопје, па сè до Буенос Аирес, турнејата на оригиналниот трофеј на ФИФА Светскиот куп е моментот што ќе ја разгори фудбалската магија во која веруваме со толку голема страст и која може да биде преточена во реалност само од страна на Кока-кола. Чувствуваме огромна и искрена возбуда што сме дел од овој клучен момент во македонската фудбалска историја, каде што македонските обожаватели ќе имаат можност да ја посведочат магијата на фудбалот што се случува токму пред нивните очи“, изјави Мартин Атанасовски, сениор бренд-менаџер во Кока-кола компанијата.
 
Турнејата на оригиналниот трофеј од ФИФА Светскиот куп овозможена од Кока-кола ќе патува кај 54 фудбалски нации, покривајќи ги сите конфедерации на ФИФА. Македонскиот настан кој е дел од големата турнеја на ФИФА Светскиот куп трофејот - спектаклот што уште повеќе ќе ја зајакне нашата позиција на светската фудбалска мапа, ќе се одржи на 21 мај со почеток во 17 часот и 30 минути во Пивара Скопје, овластениот производител на Coca – Cola во нашата држава.
 
 
Фудбалските обожаватели што ќе ја посетат веб-страницата на Кока-кола ќе имаат можност да добијат покана за турнејата на FIFA World Cup™ трофејот преку едноставно регистрирање и пријавување според принципот на случаен избор.
 
Поканетите фудбалски обожаватели преку веб-страницата ќе имаат единствена можност да го искусат возбудливото искуство од турнејата на оригиналниот трофеј од ФИФА Светскиот куп, на големиот настан што ќе се случи во Пивара Скопје, заедно со мегаѕвездите „Суперхикс“ и Тамара Тодевска, и ќе уживаат во уникатното доживување и во уште многу други возбудливи случувања. 
 
Турнејата на оригиналниот трофеј од ФИФА Светскиот куп спонзорирана од Кока-кола, вклучувајќи ја и посетата на турнејата на трофејот во нашата земја, се внимателно и ефикасно планирани за да се оптимизира потрошувачката на енергија и за да се намали испуштањето штетни гасови при превозот, со цел оваа светска турнеја, да биде еколошки најодржливата турнеја досега. 
 
Сите новости и информации за турнејата на ФИФА Светскиот куп трофејот следете ги на страницата на Coca-Cola на Facebook, како и на официјалната страница на Coca-Cola Makedonija на Instagram

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе