Турција

Фудбалот во Турција се враќа на 12 јуни, се подготвуваат и за финалето од ЛШ

Турската фудбалска федерација информираше дека најдобрата лига во оваа земја ќе продолжи на 12 јуни, а во Истанбул е планирано и финалето од Лигата на шампионите. 

Фудбалот во Турција прекина на 12 март, според плановите на Турската фудбалска федерација тој ќе продолжи на 12 јуни и ќе се игра до 26 јули.
 
Оваа одлука е донесена по консултација меѓу клубовите, фудбалската федерација и властите.
 
Претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихат Оздемир изрази надеж дека финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра во Истанбул како што беше и планирано.
 
Стадионот Ататурк ќе биде подготвен за големиот меч кој би требало да се игра на 26 август.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе