ФФМ ја прифати перпораката на Владата

Фудбалот во Македонија ќе се игра без публика поради коронавирусот

ФФМ ја прифати препораката на Владата на Република Македонија и потврди дека натпреварите од Првата и Втората македонска лига ќе се играат без публика до шести март. 

Поради актуелната состојба со коронавирусот Владата на Република Македонија на денешната седница препорача спортските натпревари во земјата до шести март да се играат без публика.
 
ФФМ ја прифати препораката и соопшти дека следните фудбалски натпревари ќе се играат без публика.
 
„По добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020. да се играат без присуство на публика, Фудбалската федерација на Македонија официјално потврдува сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ - Исток и Запад ќе се одиграат без присуство на публика“, стои во соопштението на ФФМ.
 
Оваа препорака важи до 6. март, а потоа во зависност од ситуацијата забраната ќе биде продолжена или укината.
 
Се очекува препораката да ја прифатат и останатите спортски федерации. Се уште нема информација дали мечот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Монпелје ќе се игра без публика.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе