Квалификации за ЕП 2021

Фудбалерките ги добија противниците за квалификациите за ЕП 2021

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за квалификациите за женското европско првенство кое во 2021 година ќе се одржи во Англија.

Македонија беше извлечна од петтиот шешир, ќе играме во групата Г заедно со Франција, Австрија, Србија и Казакстан.
 
Квалификациите ќе се одигруваат во периодот од август, 2019 до септември, 2020 година. Пласман на финалниот турнир ќе обезбедат сите победници од 9те квалификациски групи, како и трите најдобри второпласирани. Останатите шест второпласирани ќе играат бараж за пополнување на последните три места и приклучување кон диркетно квалификуваните и домаќините Англија.
 
„Добивме исклучително силна група во која носител е гигантот Франција,а во која се уште и Австрија,Србија кои се мошне силни репрезентации и кои во дуелот со нашата репрезентација влегуваат како големи фаворити и ние се ќе направиме достојно да им се спротивставиме и зошто да не направиме некое изненадување.Нашата шанса за бодови се двата натпревари со Казакстан и се надевам дека ќе успееме да бидеме подобри од нив и после долго време да забележиме победа на еден квалификациски натпревар“, вели Кирил Изов, селекторот на македонската репрезентација.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе