Фудбалерите на Реал Мадрид се согласија за намалување на платите

Фудбалерите, тренерите и директорите во Реал Мадрид се договорија да прифатат 10-20 проценти намалување на платите со цел клубот да нема загуби од кризата и останатите вработени да ги добијат своите плати. 

Членовите на првиот тим на Реал Мадрид, фудбалерите, но и кошаркарите ќе добијат намалени плати за 10 до 20 проценти, намалени примања ќе имаат и функционерите во клубот.
 
Тоа што ќе биде одземено од нив ќе послужи за за да се намали ударот од кризата и плата да добијат останатите вработени во клубот.
 
„Фудбалерите и тренерите на фудбалскиот и кошаркарскиот прв тим на Реал Мадрид водени од нивните капитени, заедно со клупските директори самоиницијативно се договорија за намалување на нивните плати оваа година за 10 до 20 проценти“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
 
„Одлуката на играчите, тренерите и директорите, ќе допринесе да биде избегнат негативен ефект кон останатите вработени“.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе