Милан

Фудбалерите на Милан се тестираат, со тренинзи ќе почнат од четврток

Милан од четврток започнува со тренинзи, а во моментов фудбалерите и стручниот штаб се подложени на тестови од кои треба да се види дали некој е позитивен на Ковид-19. 

„Скај Спортс 24“ информира дека до четврток сите играчи на Милан ќе бидат тестирани. Тестовите се извршуваат во Мадонина клиниката во групи од по 7-8 фудбалери.
 
Секој од фудбалерите и стручниот штаб мора да биде тестиран пред да може да почне да тренира.
 
Планот е од четврток тимот да почне со тренинзи во тренинг центарот Миланело. На површина од три терени играчите ќе работат кардио и вежби за сила пред да почнат да тренираат со топка.
 
Златан Ибрахимовиќ и Франк Кеси се уште не се вратени во Италија но наскоро треба да го направат тоа. Проблем е што овие двајца ќе треба да поминат 14 дена во домашна изолација пред да можат да тренираат со тимот. 
 
Милан е еден од клубовите од регионот Ломбардија кој беше централно жариште на коронавирусот во Италија.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе