Кристијано Роналдо и понатаму е дел од трансфер шпекулациите и медиумите пишуваат дека Жорж Мендеш се обидува да му најде нов клуб на напаѓачот и да му обезбеди настап во Лигата на шампиони.
Гласините прв пат се појавија во јули пред стартот на подготовките за новата сезона, и според пишувањата на ЕСПН, најголемиот број од фудбалерите на Манчестер јунајтед со радост ги примиле ваквите информации, тие сметале дека Португалецот станал напорен.
ЕСПН исто така додава дека Кристијано Роналдо пред 12 месеци се вратил како херој на Олд Трафорд, но сега е извор за несогласувања и конфликти во соблекувалната.
Извори од Манчестер јунајтед за ЕСПН брифираат дека Кристијано Роналдо не може да прифати дека сегашниот состав на „ѓаволите“ и оној стартиот во кој тој настапуваше се два света различни, не само од аспект на калибарот на играчи туку и нивниот карактер.
Како пример се посочуваат Хари Мегваер и Маркос Рашфорд, наводно Кристијано Роналдо очекува од нив да играат како Рио Фердинанд и Вејн Руни и тешко го прифаќа тоа што не се на тоа ниво.