Тренерот полека ја губи соблекувалната

Фудбалерите на Манчестер јунајтед изненадени, Солшер заминал на одмор во Норвешка

Оле Гунар Солшер решил да им даде одмор на фудбалерите и со своето семејство заминал во Норвешка, потег кој ги изненадил и играчите и песоналот.

Оле Гунар Солшер е под огромен притисок откако Манчестер јунајтед загуби уште едно големо дерби и по поразот од 0-5 против Ливерпул, следеше и пораз од 0-2 против Манчестер јунајтед.

Синоќа беше објавено дека Норвежанецот полека ја губи соблекувалната и дел од фудбалерите му го свртеле грбот. Медиумите од Англија продолжуваат да пишуваат на оваа тема и пренесуваат дека играчите но и персоналот бил изненаден од последната одлука на тренерот.

Имено, Оле Гунар Солшер решил да даде една недела одмор и со своето семејство да се врати во Норвешка. Ова е вообичаена пракса кога има пауза за репрезентативни настапи, но играчите сметаат дека потегот е погрешен бидејќи Манчестер јунајтед во моментов е во голема криза (шест порази на последните 12 натпревари).

Тие очекувале дека по поразот од Манчестер Сити веднаш ќе се вратат на тренинг и ќе работат на подобрување и поправање на грешките.

 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе