ФИФА се закани

Фудбалерите кои ќе играат во европската Супер Лига нема да играат на СП и ЕП

ФИФА ќе направи се за да не се формира лигата на богатите, Европската Супер Лига, тие се заканија дека фудбалерите кои ќе играат во ова натпреварување нема да може да играат на Светското првенство. 

Големите европски клубови со цел да заработат уште повеќе пари сакаат да формираат Европска Супер Лига која ќе биде затворена, во неа ќе партиципираат само гигантите.
 
Но ФИФА заедно со шестте конфедерации се закани дека фудбалерите кои ќе играат во оваа лига нема да играат во репрезентативните натпреварувања.
 
„По повод неодамнешните шпекулации во медиумите за формирање на затворена Европска Супер Лига од некои европски клубови, ФИФА и шестте конфедерации уште еднаш сакаат да потенцираат дека се строго против ваквото натпреварување. На секој клуб или фудбалер кој ќе биде дел од едно такво натпреварување нема да му биде дозволено да настапува на било кое натпреварување организирано од ФИФА или нејзините конфедерации. Универзалните принципи на спортските заслуги, солидарноста, влегувањето и испаѓањето се темелот на фудбалската пирамида што обезбедува глобален успех на фудбалот и како такви се запишани во статутите на ФИФА и конфедерациите. Фудбалот има долга и успешна историја благодарение на овие принципи. Учеството во глобалните и континенталните натпреварувања секогаш треба да се заслужи на теренот“, стои во соопштението на ФИФА.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе