Здравјето да биде во прв план, а не парите

Фудбалерите кажаа НЕ, натпреварите од Серија А ќе се играат само во два термини

Асоцијацијата на фудбалери од Италија испрати предупредување до клубовите, не доаѓа во предвид да се игра фудбал во терминот 16:30 во летниот период.

EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Серија А ги пегла деталите за ре-стартот на сезоната и се шпекулираше дека во продолжението од сезоната ќе гледаме Калчо во три термини, односно натпреварите ќе почнуваат во 16:30, 18:45 и 21 часот.

Асоцијацијата на фудбалери од Италија бурно реагираше на ваквите најави со оглед на тоа дека темературите ќе бидат прилично високи во јуни и јули.

„Не доаѓа во предвид да се игра во 16:30 попладне во јуни и јули, кога температируте се највисоки“  - вели потпретседателот на АИК, Умберто Калкањо.

„Знам дека имаше ваков термин на Светското првенство во 1994, но се одиграа само неколку натпревари, сега станува збор за многу повеќе“.

„Претседателите на клубовите треба малку повеќе да се грижат за здравјето и безбедноста на своите играчи, и да не мислат само на парите, ТВ правата и рејтинзите. Според нас, опција се само два термини, да има натпревари од 18:45 и 21 часот“.

Синоќа до Министерот за спорт беше доставен новиот протокол за натпревари, и во него немаше ништо за мечеви во ран термин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе