Супермодерниот комплекс не е по мерак на ѕвездите

Фудбалерите го мразат новиот тренинг центар, Ливерпул фрли во вода 50 милиони фунти?!

Неколку извори од Англија пренесуваат дека фудбалерите на Ливерпул го мразат новиот тренинг центар во Киркби и бараат да се вратат во старата база во Мелвуд.

„Црвените“ потрошија околу 50 милиони фунти за во Киркби да изградат нов модерен тренинг центар во кој има три терени со големина како оној на Енфилд, две теретани, базен, простории за хидротерапија и специјализирана спортска рехабилитација.

За прв пат фудбалерите од академијата и првиот тим ќе бидат смесни заедно и „црвените“ се надеваа дека сето ова ќе помогне младите играчи да бидат инспирирани и понапорно да работат да си го остварат сонот да заиграат за сениорите.

Четата на Јирген Клоп се всели во новиот комплекс минатата година во ноември но за кратко време настана проблем.

Неколку извори од Англија пренесуваат дека фудбалерите на Ливерпул го мразат новиот тренинг во Киркби и бараат да се вратат во старата база во Мелвуд.

Ѕвездите на Ливерпул сметаат дека дува премногу ветер во Киркби и поради тоа нема добри услови за работа.

Ниту резултатите не се на посакуваното ниво по преселбата во Киркби, „црвените“ имаат дури 7 порази на 13 натпревари и ризикуваат да останат без топ 4 пласман и настап во Лигата на шампиони.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе