Преживеал кошмар во родниот Бразил

Фудбалер на Тотнем спасил глава, испукани 26 куршуми при обид за грабеж

Десниот бек на Тотнем, Емерсон спасил жива глава во родниот Бразил кога при обид за грабеж биле искупани 26 куршуми.

По крајот на сезоната во Премиерлигата, Емерсон се вратил во Сао Пауло и синоќа решил да излезе и да се забавува со роднините и пријателите. Кога во раните утрински часови го напуштил ноќниот клуб, доживеал кошмар.

Напаѓач му се заканил со пиштол и побарал да му го даде часовникот и сите останати вредни предмети или во спротивно ќе го убие.

Во целата ситуација се вмешал полицаец кој не бил на должност и само неколку моменти претходно се сликал со Емерсон. Започнала престрелка, била испукани 26 куршуми (17 од разбојниот и 9 од полицаецот) и за среќа единствен кој бил погоден е разбојникот.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе