Непријатно искуство

Фудбалер на Реал Мадрид и неговата девојка биле дрогирани и ограбени на Ибица

Фудбалерот на Реал Мадрид, Феде Валверде имал непријатно искуство на Ибица, Уругваецот и неговата девојка биле дрогирани и ограбени.

Фудбалерите често се мета на крадци, неодамна Марко Верати беше ограбен додека престојуваше во вилата на Роналдо на Ибица, пленот изнесуваше околу 3 милиони евра.

Непријатно искуство на пoпуларниот остров имал и Феде Валверде од Реал Мадрид, неговата девојка Мина Бонино на социјалните мрежи сега откри дека биле ограбени, а се сомневаат и дека биле дрогирани бидејќи не осетиле ништо.

Материјалната штета не била голема, им биле одземени околу 10.000 евра и повеќе боли тоа што им била нарушена приватноста, или во случајот на Мина Бонино, некој ја гледал додека спиела гола.

Феде Валверде и Мина Бонино продолжиле со одморот на Ибица, но ја промениле вилата и го зајакнале обезбедувањето.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе