Дефанзивецот ги освои симпатиите

Фудбалер на Норич тргна да се тепа, но кога виде дека е Ериксен... неговата реакција стана хит (ВИДЕО)

Брендон Вилијамс од Норич е хит на социјалните мрежи поради неговата реакција на дуелот против Бренфорд, дефанзивецот тргна да се тепа, но кога виде дека се работи за Кристијан Ериксен, се насмевна и го прегрна.

Кристијан Ериксен минатата недела се врати на фудбалските терени и за прв пат играше фудбал по Европското првенство, кога колабираше на теренот и добро ги исплаши сите.

Данецот денеска беше стартер и одигра 90 минути во победата на Бренфорд на гостувањето кај Норич од 1-3.

Пред крајот на првиот дел тој беше инволвиран во еден дуел по кој Брендон Вилијамс стана хит на социјалните мрежи. Кристијан Ериксен не бираше начин како да го сопре ривалот и со рагби старт го собори на тревата. Дефанзивецот беше изнервиран, дури тргна да се тепа, но кога виде за кого се работи, се насмевна и го прегрна Данецот.

 

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе