Чудна одлука на властите

Фудбалер на Бешикташ може да добие две години затвор бидејќи го пцуел судијата!

Чанер Еркин наскоро ќе се појави на суд каде ќе одговара за навредите и пцовките упатени кон арбитарот на мечот помеѓу Бешикташ и Башакшехир, на левиот бек му се заканува затворска казна до две години

Во завршните мигови од дуелот помеѓу Бешикташ и Башакшехир, кој се одигра на 23. октомври минатата година, Чанер Еркин велгол во бележникот на судијата Мете Калкаван по што левиот бек започна вербална војна со арбитарот. Турчинот употребил навреди и пцовки.

Целиот случај стигнал до обвинителството од Истанбул, кое сега поднесе тужба против Чанер Еркин и наскоро ќе започне судски процес. На фудбалерот му се заканува затворска казна до две години.

Ваквата необична одлука предизвика револт кај навивачите на Бешикташ, кој на социјалните мрежи се побунија и пишуваат дека владата стои зад целиот процес. Актуелниот шампион на Турција во моментов е на втората позиција на табелата.

 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе